На 03.02.2026 во 21:50 часот во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода лице на (26) од струшкото село Корошишта.
При преглед во паркирано моторно возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












