Отсекот за превенција при СВР Охрид, отпочна со реализација на проектот ,,Мојот пријател полицаец“. Полициски службеници од СВР Охрид, ги посетија децата од предшколска возраст во детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид каде, низ типизирана проактивна комуникација, на најмладите им беше објаснета улогата и значењето на полицаецот во општеството, што е безбедност и каква е полициската работа, зошто треба да се почитуваат сообраќајните знаци и им беше извршена презентација, прилагодена на нивната возраст, на дел од полициската опрема што се користи при извршувањето на полициските задачи.
Целта на овој проект е приближување на полицијата до децата како најмлада категорија граѓани, развивање на чувство на припадност и прифаќање на полицијата како нивен пријател но и градење на нивната безбедносна култура. Проектот ,,Мојот пријател полицаец“, ќе се реализира и во останатите детски градинки на подрачјето на СВР Охрид.












