АктуелноОхрид

При претрес во дом на охриѓанец пронајдени канабис, како и предмети со остатоци од марихуана и кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (49) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа семки од растение Cannabis кои, неовластено ги набавил со цел, понатамошно производство на наркотична дрога како и предмети со остатоци од Марихуана и Кокаин.

Тој веднаш беше лишен од слобода и донесен во полициска станица.