Во духот на христијанството, Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ни овозможи да почувствуваме дека верата го обединува нашиот народ.
Илјадници верници и гости беа дел од овој свет и значаен ден, сведочејќи ја вековната традиција. Манифестацијата помина во прекрасна атмосфера, исполнета со молитва и искрена радост, покажувајќи дека Водици не е само празник, туку живо духовно наследство на нашиот Охрид
Честитки до најсреќниот Мартин Гоџо, кој и годинава го извади светиот крст од водите на Охридското Езеро!
Нека е за многу години, на сите верници им посакувам здравје, мир и благосостојба!
Бог се јави, навистина се јави!











