АктуелноОхрид

Две вработени во струшка обложувалница лажно пријавиле дека машко лице со закана на пиштол им побарал пари од дневниот промет и избегал

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (43) и  лице на (48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.

Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор,  на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло  машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал.