АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Новогодишна приредба и базар од страна на учениците од подрачното основно училиште во с. Враништа

Во пријатна и празнична атмосфера, учениците од подрачното основно училиште во Враништа одржаа новогодишна приредба, со која го најавија доаѓањето на Новата година и ги израдуваа присутните родители, наставници и жители на селото.

Програмата беше исполнета со рецитации, новогодишни песни, кратки драмски изведби и танцови точки, подготвени со голема љубов и посветеност. Учениците, облечени во празнични костими, ја пренесоа радоста и детската возбуда, а салата беше исполнета со аплаузи и насмевки.

Наставниците истакнаа дека ваквите настани имаат особено значење за учениците, бидејќи поттикнуваат креативност, самодоверба и заедништво. „Новогодишната приредба е можност децата да ги покажат своите таленти и да почувствуваат дека училиштето е место на радост и топлина,“ беше истакнато од страна на училиштето.

Воедно покрај приредбата , беше организиран и Новогодишен базар , на кој беа изложени  бројни новогодишни украси и декорации кои се продадоа за брзо време, а собраните средства ќе послужат за потребите на училиштето, негово доопремување.

На крајот од приредбата, Дедо Мраз ги израдува најмладите со новогодишни пакетчиња, што дополнително ја збогати празничната атмосфера. Со оваа приредба, учениците од подрачното основно училиште во Враништа уште еднаш покажаа дека со малку труд и многу љубов може да се создаде голема празнична радост.