АктуелноОхрид

„BitVibeSound Studio“ новитет во музичкиот простор, креатор на добар звук и аудио продукција

Во срцето на современата музичка сцена се појавува BitVibeSiund Studio, студио кое носи свежа енергија, професионален пристап и висококвалитетна аудио продукција. Со јасна визија да им овозможи на музичарите, изведувачите и креативците простор каде идеите добиваат звук, BitVibeSiund Studio се позиционира како ново место за креативна слобода и професионален развој.

 Посебен акцент се става на индивидуалниот пристап кон секој проект, со цел да се зачува автентичноста и уметничкиот израз на секој клиент.

BitVibeSiund Studio е отворено за соработка со млади и афирмирани уметници, бендови, продуценти, како и за изработка на аудио содржини за медиуми, реклами и дигитални платформи. Со комбинација од техничка прецизност и креативна визија, студиото има за цел да стане препознатливо име на домашната музичка сцена.

Со ваков пристап, BitVibeSiund Studio претставува нова вибрација во светот на звукот – место каде идеите се претвораат во професионално обликувани аудио приказни.

Досега од ова студио продуцирани се над 40 композиции, од кои најслушани се :

-„Песна за Св. Климент“

-„Охриде граду мил“

-„Струшка приказна“

Исто така добар прием кај публиката имаат и детските песнички, посебно „Новогодишна песничка„

-Нашата музика е наменета буквално за сите вкусови, бидејќи креираме во сите жанрови, во зависност од потребите. Покрај македонска музика активно креираме и нумери на англиски и шпански јазик. Моментално работиме со песната: Каде ли ноќи минува, која започна како балада, веќе ја објавивме и во Trap верзија, следува деновиве и малку поагресивна Progresive Metal верзија. Веќе е во подготовка на италијански и англиски јазик од истата песна а очекуваме дека ќе се пее на уште неколку светски јазици, истакнуваат од BitVibeSound Studio.