АктуелноОхрид

Пронајдени и одземени ловечка пушка и 13 куршуми во дом на лице од Охрид кои нелегално ги поседувал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во домот и помошните простории на пријавениот, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 13 куршуми со различен калибар кои, нелегално ги поседувал по што, беше лишен од слобода.