АктуелноОхрид

ЈП Охридски Комуналец: Одговорноста за нашето здравје и чистотата на нашето живеалиште зависи од сите нас

Доколку имате отпад којшто не знаете каде да го одложите контактирајте нѐ на следниов телефон 075397944!
Дивите депонии не се само грда слика, туку сериозна закана за здравјето на сите нас и животната средина. Отпадот нелегално оставен на вакви места ја загадува почвата и подземните води, шири токсични материи и привлекува штетници и болести.
Дополнително, службите излегуваат на терен чистејќи ѓубришта, трошејќи огромни ресурси коишто припаѓаат на сите граѓани. Доколку граѓаните го одлагаат отпадот онаму кадешто е дозволено на начин којшто е прифатлив овие пари ќе може да се насочат кон поважни нешта.
Одговорноста за нашето здравје и чистотата на нашето живеалиште зависи од сите нас. Со правилно одлагање на отпадот го штитиме просторот во кој живееме и спречуваме долгорочни последици кои сите ги плаќаме, како сега така и во иднина.