АктуелноОхрид

Ликовен конкурс за престојниот Божиќ од страна на црквата Св. Ѓоргиј Охрид

Ги повикуваме сите деца кои се црковуваат во парохиската црква „Св. вм. Георгиј“ – Охрид, да ја изразат својата ликовна креативност и да се вклучат во ЛИКОВНИОТ КОНКУРС за престојниот БОЖИК 2026 година.
Вашите цртежи оставете ги во црквата и на задната страна од цртежот не го пишувајте вашето име и презиме, туку составете шифра и потоа во заграда ставете ја годината на вашето раѓање. На пример: Канео (2020).
А потоа ве покануваме на Божик заедно со своите родители, по завршувањето на Божикната Литургија, да присуствувате на изборот на најдобрите цртежи, стои во повикот од црквата.