АктуелноОхрид

Пецаков: Денес остваривме продуктивна средба со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески, претставници на хотелиерите и Факултетот за туризам и угостителство – Битола

Оваа средба е иницирана како дел од активностите на новоформираниот Совет за промоција и поддршка на туризмот – стратешко тело на Министерството за култура и туризам, чија цел е зајакнување на институционалната поддршка и координација.
Низ дискусија ги акцентиравме клучните предизвици за туризмот во нашиот регион кои треба да се надминат, а тоа се: ненавремена категоризација и административни процедури, недостиг од квалификуван кадар, кратка туристичка сезона и нестабилни приходи, оптоварена инфраструктура и пад на квалитетот на услугата, потреба од регулирање на напојниците и формирање туристичка инспекција.
Сите овие точки ќе бидат доставени до Советот и Владата за да се обезбеди навремена поддршка и да се донесат соодветни мерки.
Нашта работа заедно со сите инволвирани во туризмот убеден сум дека ќе вроди со плод и ќе изградиме одржлив туристички систем .