На 21.11.2025 во 11:20 часот, на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (70)г. од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од лице на (42)г. од селото Лабуништа, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот лице на (58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.












