АктуелноОхрид

Лице од с. Франгово возело со 1,64 промили алкохол во крвта, лишен е од слобода

На 17.11.2025 во 15:20 часот на ул.„Боро Хаџиески Путе“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода  лице на (50) од с.Франгово, струшко.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.