Денеска (18.11.2025) во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода лице на (33) од Дебар.
Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал едно лице и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата констатирано е дека лицето е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.
Известен е јавен обвинител и по негова наредба, лицето е лишено од слобода.










