Uncategorized

(ВИДЕО) Сообраќаен колапс кај надвозникот кон Струга од Подмоље на автопатот Охрид-Кичево

Тотален сообраќаен колапс се случива кај надвозникот кон Струга од селото Подмоље.

Патниот правец преку надвозникот е затворен за сообраќај поради довршување на патната инфраструктура и притоа возилата кои се исклучуваат од автопатот Охрид-Кичево кон Струга незнаат каде да се движат.

Се исклучуваат неколку метри подолу од десната страна и поминуваат низ селото Подмоље со надеж дека ќе излезат кај надвозникот кој е направен во близина на Св. Еразмо но попусто.

Ретко кој од возилата се упатуваат кај аеродромот за да преминат на спротивната лента од автопатот и да се насочат кон Струга.

Исто така затворен е и стариот приод од Скопје кон Струга при што треба да се вози до Св. Еразмо кај новоизградениот надвозник за преку него да се премине на стариот патен правец кон Струга.

За парадоксот да биде поголем надвозникот не е целосно изграден, имено поставена е сообраќајна табла  која пишува “Струга” и го насочува возачот кон десниот патен правец, а лентата не е целосно асфалтирана, па и тука возилата се враќаат назад. Тука има и заглавен автобус со албански таблички.

Дополнително на целата оваа сообраќајница е тоа што не е воопшто обележана ниту пак има соодветни сообраќајни табли и знаци за возачите да можат полесно да се снајдат во сообраќајот.