АктуелноОхрид

Панел дискусија „Природно или совршено“ одржана во Охрид

Во Охрид, на 25 и 26 октомври, се одржа Интернационалната студентска конференција во склоп на која беше и панел дискусијата на тема „Природно или совршено“, во организација на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Суштината на панелот беше да ја опфати потребата за корекции на надворешниот изглед и незадоволството кое произлегува од истиот, како и навиките за исхрана, консумеризам на облека, ментална состојба и прашањето дали воопшто треба да се стремиме кон совршенство. На настанот учество зедоа истакнати професори од Македонија, кои дискутираа на различни теми за стекнатите искуства, новите трендови и предизвици во општественото живеење.

Меѓу учесниците беше и Спец. Д-р Марија Мојсоска Апостолова, од Стоматолошки Центар Д-р Мојсоска, која ги сподели своите знаења и искуства поврзани со темата. На овој начин, Универзитетот продолжува да поттикнува дијалог меѓу експертите и студентите преку размена на искуства, знаења и дискусија за предизвиците.