АктуелноОхрид

Сиљаноски: Дебрца победува!Одиме заедно кон историски најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ во нашата општина

Денеска одржавме работен состанок со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков. Разговаравме за проектите што ќе ја придвижат Дебрца напред – европска, модерна и просперитетна општина каква што заслужуваме.
Во вториот круг влегуваме мотивирани повеќе од било кога! Народот јасно ја испрати пораката во првиот круг – време е за промени, време е за нова енергија и чесно водство.
Имаме двојна предност пред Зоран Ногачески и мнозинство во Советот – 6 од 9 советници!
Тоа е јасен знак дека Дебрца стои цврсто зад промените и новата иднина.
Дебрца добива нов градоначалник!
Одиме заедно кон историски најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ во нашата општина.
Со срце, со народот, за Дебрца! ❤️