АктуелноОхрид

15 години од работа на БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД Центарот за развивање на животни вештини

Црвен крст Охрид започна со реализација на настани за одбележувањето на уште еден јубилеј
15 години од работа на БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД Центарот за развивање на животни вештини,
во која се имплементира Интернационалната Бреинобреин програма.
Во прекрасен амбиент на охридското крајбрежје, со едукативни игри, многу забава и дружење,
бројни креативни содржини подготвени од аниматорот Анета-кловнета, децата кои ја следат
Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид со голема
возбуда и радост, го прославија 15 годишниот роденден на центарот БОБ-Црвен крст Охрид.
Колоритот на овој настан го збогатија и родителите кои се најголемата поддршка на децата и
признание за нашиот центар, а секако и тренерите на БОБ програмата кои со својата висока
професионалност и искрена посветеност придонесуваат за успехот на децата и профилирање на БОБ-
Црвен крст Охрид центарот како еден од најдобрите во светски рамки.


Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ни ја укажале довербата и овозможиле, во
овие 15 години работа на Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, преку 100
деца да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат
нови патишта за развивање на едно похумано и поефикасно општествено живеење и делување.
Благодарност и до нашите поддржувачи кои ја помогнаа реализацијата на овој настан
аниматорот Анета-кловнета, плажа La Fiesta и Астрадизајн.
Следува уште еден настан за одбележување на јубилејот 15 години од работата на БОБ-Црвен
крст Охрид-Центарот за развивање животни вештини, на 18 септември, на кој „главните улоги“ ќе ги
имаат учениците кои ги завршиле сите 10 нивоа од Бреинобреин програмата во нашиот центар.