АктуелноОхрид

Пецаков: Чест ми е што денеска имав можност да присуствувам на свеченоста по повод 81 година од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада

Чест ми е што денеска имав можност да присуствувам на свеченоста по повод 81 година од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада и 33 години од формирањето на Шестата пешадиска бригада во Охридската касарна.
‎Овие историски моменти, едниот од 1944, а другиот од 1992 година уште еднаш не потсетуваат дека без почит кон минатото, ниту има просперитет на сегашноста, ниту ќе има подобра иднина.
‎Секоја генерација има своја борба и свој стремеж. Нашиот е насочен кон подобар и подостоинствен живот, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска, модерна и европска Македонија.