Твоето сечесно Успение, Пресвета и Чиста Дево, го славиме мноштво ангели на небесата и човечкиот род на земјата, бидејќи си била Мајка на Христа Бога Творецот на вселената. Се молиме: Не престанувај да Го молиш за нас, кои својата надеж ја положивме на Бога и на тебе, Богородице Сепеана и неискусобрачна. (стиховна стихира)
Успение на Пресвета Богородица – Каменско
На свечената Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Георгиј во сослужение со повеќе свештенослужители. На Литургијата присуствуваше претседателката г-ѓа Гордана Силјановска Давкова.
По божествената литургија, старешината на храмот о.Димче Азески му се обрати на Митрополитот со поздравно слово, посакувајќи му топло добредојде во епархијата. Во оваа прилика во името на свештеничкото братство и парохјаните при храмот, на Митрополит му беше подарена архиерејска енколпија.











