АктуелноОхрид

Пецаков: Новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ подготвена за почетокот на учебната година

‎Неопислива е радоста што можам со гордост да објавам дека по повеќе од 50 години, Охрид доби ново училиште ООУ „Кочо Рацин“.
‎Местото каде што некогаш стоеше нефукционална зграда, сега прерасна во модерен, функционален и безбеден образовен објект, училиште какво што заслужуваат нашите ученици.
‎Вкупната инвестиција во овој значаен проект изнесува околу 90 милиони денари, средства со кои се овозможи темелна реконструкција, адаптација и опремување на овој простор.
‎Продолжуваме да вложуваме во образованието, затоа што тоа е најсигурната инвестиција во иднината.