Охрид

Тепачка во Охрид, едно лице тешко повредено

На 27.07.2025 во 23:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека се случила вербална расправија во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, помеѓу едно лице од една и  две лица  од друга страна, сите од Охрид.

Подоцна, околу 01:30 часот, на улица  во Охрид настанала физичка пресметка помеѓу две лица  во која се вклучиле и други лица, при што едно лице со тврд предмет нападнал (30) годишно лицеtepatte од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.