АктуелноОхрид

Пецаков: Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода – “Заливот на коските”

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода – “Заливот на коските”.
Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и сосема оправдано е и најпосетен музеј во Македонија. Од запуштен простор, денес повторно блесна во сиот сјај овој Музеј.
Сакам да изразам голема благодарност до Владата на Република Македонија, Министерството за култура и туризам, како и до Завод и Музеј Охрид, што Охрид им е во фокусот и заедно со Општина Охрид се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.