АктуелноОхрид

Најнови информации од УНЕСКО – Охрид нема да биде ставен на списокот на Листата светски природни и културни реткости во опасности!

Најновите информации од УНЕСКО говорат дека Охрид нема да биде ставен на списокот на Листата светски природни и културни реткости во опасности.

Оваа одлука на УНЕСКО доаѓа како плод на напорите на претставниците на Власта да се излобира одлагање на оваа одлука.

Инаку во документот се изразува сериозна загриженост поради продолжената деградација на уникатните вредности на регионот, кои се основа за неговиот статус на заштитено наследство. Се констатира дека препораките од мониторинг мисија спроведена минатата година не се имплементирани и дека државата, институциите и локалните власти покажале несоодветен однос кон заштитата на природното и културното наследство во регионот.

Инаку, се бара суспендирање на измените на деталните урбанистички планови, изработка на генерален урбанистички план за Охрид и Струга, изработка на стратешка еколошка проценка и систематска проценка на негативното влијание на нелегалните градби, со одлуки за нивно отстранување или ублажување на последиците.

Особено се истакнува потребата од итна забрана за понатамошни градежни активности околу Студенчишкото Блато и хотелскиот комплекс „Горица 3“, сè додека не се спроведат детални проценки на влијанието.

Најголем дел од точките кои се забелешки од УНЕСКО се одесуваат на Албанија. Четири од петте забелешки (4, 6, 7 и 8) се однесуваат на нашиот сосед. Што се однесува за Македонија, УНЕКО во точката под број 9 ни забележува и бара измена на деталните Урбанистички планови и рушење на дивоградби.

Овој проблем и тоа како е под лупа на Владата па така на официјалниот сајт на Бирото за јавни јабавки има отворена постапка преку која Министерството за транспорт и врски бара Набавка на услуги за присилно административно извршување на правосилни извршни управни акти и рушење на објекти.
Инаку во документот се повикуваат Македонија и Албанија да работат на зајакнување на прекуграничниот дијалог, и на високо институционално и на оперативно ниво, за да се обезбеди ефективно и одржливо управување со регионот.

Владата ја разгледала информацијата и ги задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, преку координиран настап, заеднички да се поднесе амандман со цел повлекување на Нацрт одлуката на Комитетот со која Охридскиот регион се предлага да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на денешната прес – конференција соопштувајќи ја владината одлука, нагласи дека јавноста мора да ја знае вистината дека оваа одлука е резултат на директна последица на години негрижа, неодговорност и институционален распад што, како што вели, го оставила поранешната влада во периодот од 2017 до 2024 година.

Актуелниот Извештај се однесува токму на овој период на владеење на СДСМ и ДУИ. И во тие седум години не само што не беше преземено речиси ништо од препораките на УНЕСКО, ние наместо заштита, гледавме игнорирање на експертски извештаи и системско разнебитување. Секој ден како Влада се соочуваме со историски одлуки, не само да го сопреме уништувањето, туку и да го спасиме и обновиме сето она што другите го запоставија, рече Љутков.

Тој потенцира дека Владата работи посветено во координација со сите надлежни интитуции да покаже дека знае поинаку да е однеува кон културното наследтво и оти има капацитет да ги почитува препораките на ова меѓународно тело за Охрид и охридскиот регион.

Работиме со максимална посветеност во координација со сите надлежни институции, а тука се МТ, МЖСПП, Управата за заштита на културно наследство, МНРиНТ, домашните експерти се со цел да покажеме дека оваа Влада може и знае поинаку да се однесува кон културното наследство. Но, вистината ќе мора да се каже јасно, додека тие ги затвораа очите, ние ќе ги отвораме вратите за спас, додека тие молчеа пред предупредувањата, ние сакаме да зборуваме со дела. Граѓаните имаат право да знаат дека токму тие што го доведоа Охрид на работ на губење на својот статус се истите кои денес држат лекции од опозиција. Историјата нема да ги заборави овие работи, а ние нема да дозволиме нивната негрижа да го чини Охрид со некаква поинакавка иднина. На денешната седница на Владата се разгледа информацијата и се задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство и преку координиран настап, заеднички да поднесеме амандман со цел овој Извештај да се повлече и да покажеме дека оваа Влада има капацитет да покаже дека ќе се посветиме на почитување на препораките, поочи министерот Љутков.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на Реактивната мониторинг мисија од минатата година.

Во нацрт-верзијата на самата одлука и овојпат се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.

Во документот, меѓу другото, се повикуваат Македонија и Албанија да работат на зајакнување на прекуграничниот дијалог, и на високо институционално и на оперативно ниво, за да се обезбеди ефективно и одржливо управување со регионот.

Инаку одлка големо внимание во јавноста, а од граѓаните на Охрид се категорични дека истата е неоправдана.