АктуелноОхрид

ЈП „Охридски Комуналец“ со известување до правните субјекти и граѓаните од У.З.Стар Град

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на У.З.Стар Град, како и правните субјекти кои својата дејност ја обавуваат во овој дел од градот, да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад
‼️Правните субјекти задолжително имаат обврска отпадот да го депонираат и да го оставаат за подигнување во пластични канти за отпад најкасно до 06:00 часот наутро. Доколку отпадот се остави надвор од пропишаниот термин или несоодветно депониран, согласно законските обврски ќе интервенира и постапи Комуналниот инспекторат при што ќе биде изречена соодветна санкција
‼️Граѓаните комуналниот отпад уредно спакуван да го депонираат на определени места за оваа намена или во кантите за отпад во точно определените денови за дадениот реон најкасно до 06:00 часот наутро. Граѓаните кои поседуваат викенд-станови и приватните станоиздавачи да ги информираат своите гости за комуналниот ред
🤝 Со надеж за взаемна соработка во теков на туристичката сезона, однапред Ви благодариме