АктуелноОхрид

Предание oд мештаните , зошто се слуша чукање на гробот на Св. Наум

Кога починал Свети Наум, излегол пред Господа. Поради големото добротворство што го правел Свети Наум на земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај.
Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што може да одговара за Свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир, велејќи му: „Она е твојот рај, ти таму ќе бидеш засекогаш.“ Ете зошто Свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро.