АктуелноОхрид

Сообраќајка на улицата „Абас Емин“, повредена жена од Австралија, со престој во Охрид

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (49) годишно лица од селото Долно Лакочереј, охридско, удрило во (65) годишно лице од Австралија, со престој во Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената пешак  констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.