АктуелноОхрид

Сообраќајка помеѓу мопед и велосипед на улицата „7-ми Ноември“, повредени две лица

На 24.06.2025 околу 19.00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од (22) годишно лице од Охрид и велосипед управуван од (60) годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.