Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци во должина од 218 метри и тоа:
– Профил ф225 мм во должина од 140 метри
– Профил ф63 мм во должина од 78 метри
– Профил ф25 мм во должина од 112 метри
Средствата во вредност од 3.081.378,00 денари за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Воедно се известуваат жителите на с.Велгошти дека додека се изведува новата водоводна линија, дел од селото ќе биде со намален притисок..











