АктуелноОхрид

Реализиран проектот дигитализација на споменици и спомен обележја

Општина Охрид преку Одделението за култура надлежно за спомен-обележјата на подрачјето на општина Охрид, нивна санација, реставрација, чистење и одржување го реализираше проектот Дигитализација на споменици и спомен-обележја.

Во периодот на месец октомври и ноември 2024 година, направен е увид на 20 спомен обележја во општина Охрид. Наведените спомен обележја се дигитално мапирани и за истите е подготвен текстуален опис кој ги содржи општите информации и карактеристики за споменичните целини, како и фотографии од моменталната состојба. Со изработка на оваа дигитална мапа ќе се допринесе и во тековното надоградување на Регистарот на спомен обележја во Општина Охрид.

Дигиталната мапа содржи четири посебни слоеви, односно спомен обележјата се поделени на четири категории:

  1. Споменици на природата :

–          Информативна табла за Охридското Езеро

–          Спомен дрво Коџаџик

2 Христијански споменици:

–          Споменик на Свети Климент Охридски

–          Споменик на браќата Свети Кирил и Методиј

–          Споменик на Свети Наум Охридски Чудотворец

–          Споменик на Свети Климент Охридски

3. Споменици на лица од 19-20 век:

–          Спомен гроб на Антон Кецкаров

–          Спомен гроб на Григор Прличев

–          Спомен биста на Христо Узунов

–          Спомен биста на Спас Банџов

–          Спомен биста н Григор Прличев

–          Спомен биста на Методи Патчев

–          Спомен биста на Андон Дуков

4.Спомен куќи и спомен плочи

–          Спомен плоча на куќата посветена на Христо Узунов

–          Спомен плоча посветена на формирањето на прв местен комитет

–          Спомен куќа на Григор Прличев

–          Спомен плоча на Марко Бошнаков

–          Спомен плоча посветена на Коста Абраш

–          Спомен плоча – Избор на први академици

–          Спомен плоча – Детско игралиште „Нада Филева”

Оваа фаза се однесува на Спомен-обележјата во централно градско подрачје, а во понатамошните фази е предвидена е и дигитализација на  сите споменични целини на територија на град Охрид  со цел создавање на дигитална мапа на сите споменици и спомен- обележја  која же биде објавена и поставена на охридската web страна.

Проектот по фази го реализира охриѓанецот Иван Малезанов.