АктуелноОхрид

Пронајден и одземен кокаин кај лице од Дебар во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (27)г  од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед извршен во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.