На 02.11.2024 година во 09.05 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, патнички автомобил „Опел Корса“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице роден (1975) од селото Велмеј, општина Дебрца, при престигнување на друго моторно возило, изгубил контрола и излетал на коловозната лента која е во изградба.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен и задржан во болницата „Св.. Еразмо“.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.