АктуелноОхрид

Затворен патот Ресен – Охрид, се запален камион цистерна со албански регистарски ознаки

Денеска на магистралниот пат Ресен Охрид поради запален камион цистерна со албански регистарски ознаки, сообраќајот на магистралниот пат А3 Ресен – Охрид од 12:30 часот е во целосен прекин.

Од СВР Битола во известувањето велат дека товарното возило се запалило во движење и истото е целосно изгорено. Во пожарот нема повредени лица.