четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Пратеникот Сашо Донев оствари средба со јапонскиот амбасадор Оцука Казуја

Пратеникот и претседател на пратеничката група за соработка на парламентот на Јапонија, Сашо Донев оствари работна средба со амбасадорот Оцука Казуја.

Притоа размениле мислења за досегашната досегашната соработка и за јапонската поддршка за нашата земја во повеќе области, како и за можностите за продлабочување на односите.

Од страна на Донев била истакната поддршката од Јапонија за неколку значајни проекти во Охрид и нагласи дека, како претседател на ПГ за соработка меѓу парламентите на двете земји, ќе направи се за продлабочување и интензивирање на соработката, информираат во соопштението од Собранието.