Денеска остварив работна средба со Вицепремиерот Љупчо Димоски на која разговаравме за изготвување на Стратегија за управување со кризи со цел поподготвено и поефикасно справување со пожари и други елементарни непогоди.
Стратегијата најверојатно би била готова за две години. Но на неа ќе почне да се работи наредниов период и тoa ќе ни помогне многу подобро и поорганизирано да се справиме во случај на опожарување во наредното лето споредено со годинашното.
Општината секогаш издвојувала средства за ТППЕ, од буџетот за наредната година ќе бидат издвоени дополнителни средства за набавка на дополнителна опрема за противпожарната единица.
На денешната работна средба присуствуваа и претстравници од ТППЕ, од Националниот парк „Галичица“, од планинарската спасителна служба и претставници од Локалниот штаб за заштита и спасување на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.