АктуелноОхрид

Кривична за дивоградба на Железничка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (68) години  од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење“.

Тој, на катарстарски имот на булеварот „Железничка“ во Охрид, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен Државен орган, изградил приземен деловен објект.

При контрола извршена од овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид било донесено решение за отстранување на градбата.