АктуелноОхрид

Пецаков: Се сретнав со членовите на боксерскиот клуб “Алексо” кои ќе учествуваат на државниот натпревар – Им посакувам успех!

Денеска се сретнав со членовите на боксерскиот клуб “Алексо” од Охрид кои на 22 јуни ќе земат учество на државниот натпревар што се одржува во Тетово.
Како Локална самоуправа кој е постојан ветер во грб на сите спортисти и лично како поранешен спортист вложивме напори и на учесниците им обезбедивме спортска опрема. Сега и боксерите од клубот “Алексо” ќе настапуваат со унифицирана и брендирена опрема.
Им посакувам успех , напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.