АктуелноОхрид

Четири медали за Охридските борци во Бразилско Џиу Џицу на Меѓународното првенство ADCC Macedonia Open

Викендов во Скопје се одржа отвореното интернационално првенство ADCC Macedonia Open.  Охридските борци во Бразилско Џиу Џицу  постигнаа забележителен успех.

Имено охриѓаните Герасим Колевски и Дамјан Смилески освоија злато, додека Лука Колевски и Лазар Ќулукоски освоија бронза.

На ова натпреварување учество зедоа над 200 борци од 19 земји од светот.