Во рамките на превентивната кампања „Мојот полицаец“, вчера (15.05.2024 година), деца од предшколска возраст од централната детска градинка,, Јасна Ристеска“ ја посетија полициската станица за безбедност во сообраќајот-Охрид. Притоа, на најмладите им беше презентирана дел од опремата и материјално техничките средства што ги користат сообраќајците во секојдневната работа како и полициските возила и моторциклите што, предизвика најголем интерес кај децата. Во разговор, полициските службеници на децата од детската градинка им објаснија колку е важно да се почитуваат сообраќајните знаци и како треба безбедно да се учествува во сообраќајот. Целта на превентивната кампања „Мојот полицаец“ е приближување на полицијата до децата како најмала категорија на граѓани, развивање на нивната безбедносна култура, развивање на чувство на припадност и прифаќање на полицијата како нивен пријател. Во рамките на кампањата, ќе бидат вклучени и деца од другите градинки.
извор: СВР Охрид