петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Ангелоска: Нашата заедничка цел треба да биде обезбедување на финансиска стабилност на секое претпријатие

На продолжението на 15.седница на Советот на Општина Охрид, координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска, зборуваше за состојбата на јавните претпријатија согласно изнесените податоци во финансиски извештаи :
🗣” Финансиските извештаи кои денес ги разгледуваме претставуваат периодичен преглед на остварените приходи и расходи во јавните претпријатија и нивната цел е да ни ја дадат реалната финансиска состојба на претпријатијата основани од општина Охрид во вториот квартал. Состојбата на повеќето јавни претпријатија е иста како во годишните финансиски изештаи кои ги разгледувавме, и во оние кои не ни дадовте можност да ги разгледаме бидејќи не ги ставивте на дневен ред, но секако имаме информации за нивниот биланс на успех.
Ќе почнам од ЈП ” Водовод” кое бележи зголемен прилив на наплата. Намалени се оперативните приходи за 50 проценти што укажува на послаба корелација со општината во насока кон ангажирање на јавното претпријатие за изградба на нови водоводни линии или реконструкција на постоечките.. Трендот на задолжувањето кон добавувачите продолжува и се зголемува за 50 проценти.
ЈП “Градски Пазар” имајќи ја во предвид дејноста што ја врши, токму во овој квартал треба да покажува најдобри финансиски резултати. Апсолутно е нелогично да прикажувате зголемување на приходите од закуп на тезги споредбено со истиот квартал минатата година а дневната пазаришна такса или дулија да бележи пад во однос на претходниот квартал. Евидентно зголемување на паушалите за членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор од 48 процентни, потоа зголемување на трошоците за репрезентација и службени патувања, зголемување на трошоците за адвокатски услуги – тренд актуелен во повеќето јавни претпријатија.
🟥ЈП “Охридски Комуналец”, претпријатието на кое мнозинството во Советот му даде зелено светло за зголемување на цените на услугата подигнување, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад без при тоа да побара финансиска анализа, финансиски пиказатели како се формирала новата цена, можеби истата е превисока, можеби сеуште прениска. Ова претпријатие изнесе аргументи дека ги намалило трошоците за потрошено гориво што секако е за поздравување. Но не е во духот на домаќинско работење, да ги зголемувате трошоците за адвокатски услуги само за еден квартал споредбено со минатата година од 122 илјади на 348 илјади денари и да правите план за нови вработувања на и онака превработено претпријатие.
🟥И на крај ЈП “Градски Гробишта” кое само во еден квартал бележи загуба од 1.200.000 денари. Претпријатие кои изминатите 4 години покажуваше позитивни финансиски резултати. Претпријатие кое само во еден квартал бележи зголемување на трошоци за адвокатски услуги во споредба со изминатата година во истиот квартал од 48 илјади на 384.000 денари. “
⚠️Наместо да барате да вработите технички директор можеби ќе беше подобро тоа да биде дипломиран правник па да ги намалите адвокатските трошоци.
Нашата заедничка цел треба да биде обезбедување на финансиска стабилност на секое претпријатие како предуслов за добар квалитет на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните.
OO СДСМ Охрид