Маслов: Забрзан прием на балканска земја во НАТО не ја зајакнува стабилноста

Интеграцијата на уште една земја во НАТО несомнено не може да ја зајакне стабилноста и безбедноста на Балканот, оценува рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов во интервју за информативниот портал „Спутник“.

Амбасадорот објаснува дека Русија како постојана членка на Советот за безбедност смета дека биле прекршени законите во процесот на одобрување на договорот, пренесува МИА од Атина.

Маслов додава дека двете страни стигнале до договор, нашле ново име и тоа е прашање што се однесува на двете страни „и се чини како да нема ништо лошо во тоа“.

„Проблемот, сепак е дека процесот на официјализирање на договорот беше со сериозни прекршувања во домашното право на една од земјите. Референдумот за името таму беше неуспешен. И покрај тоа, процесот на ратификација ја игнорираше волјата на најголемиот дел од населението на земјата. Русија како постојан член на Советот за безбедност на ОН, а и името секако е на агендата на Советот за безбедност од 1993 година, го нагласува фактот дека беа прекршени законските јасности на процесите за одобрување договорот. И секако, како што реков, таков забрзан, трескавичен прием на балканска земја во НАТО не може да биде фактор на стабилност“, вели Маслов.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close