Охриѓанец измамен и ограбен – како ли поверувал на ваква измама?

На 09.02.2019 година во 11,45 часот во СВР-Охрид 65- годишен маж од Охрид пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот на булеварот “Туристичка“ му пристапило едно лице кое се претставило дека е од Радовиш и му рекло дека имало сообраќајна незгода  со друго лице од Израел и дека сака да му биде сведок додека му дава пари на другото лице.

Заедно се упатиле кон местото каде требало да го почекаат наводниот Израелец. Но, лицето кое се претставило дека е од Радовиш му дало часовник на наводниот Израелец и заминало, како што рекло, да земе пари.

Потоа, наводниот Израелец го довел во заблуда пријавителот барајќи му 5.000 денари во замена за часовникот како гаранција дека ќе му ги врати парите бидејќи морал итно да оди во болница. Откако му ги дал парите, лицето заминало, а тој чекал некое време по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close