Жолт метео аларм во Британија, три лица го загубија животот

Најмалку три лица загинаа кога бурата „Ерик“ пропратена со силен ветер зафати делови од Велика Британија. Брзинатa на ветерот во некои делови достигна и до 120 километри на час. Еден сурфер го загубил жвотот откако брзината на ветерот во Девон достигнала до 90 километри на час. Полицијата во Девон не потврди дали смртниот случај е […]

The post Жолт метео аларм во Британија, три лица го загубија животот appeared first on Скопје1.мк.

Најмалку три лица загинаа кога бурата „Ерик“ пропратена со силен ветер зафати делови од Велика Британија.

Брзинатa на ветерот во некои делови достигна и до 120 километри на час.

Еден сурфер го загубил жвотот откако брзината на ветерот во Девон достигнала до 90 километри на час. Полицијата во Девон не потврди дали смртниот случај е поврзан со невремето.

Во Девон 50-годишен маж го загубил животот откако дрво паднало врз неговото возило. Исто така на западот на Велс загина возач на комбе кој удрил во паднато стебло.

Метеоролозите објавија дека можна е појава на полави.

Жолт метео аларм е објавен за поголемиот дел од Велс, централна и северна Англија и југот на Шкотска.

The post Жолт метео аларм во Британија, три лица го загубија животот appeared first on Скопје1.мк.

Close