Кривична за охриѓанец кој ширел расистички и ксенофобичен материјал на ФБ

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид.

Тој, на 04.04.2019 година во 10 часот и 31 минута, на социјалната мрежа ,,Facebook” преку неговиот профил, ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство, према одредена група претставници на политичка партија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close