(ВИДЕО) Георгиевски најави ревизија како се носеле урбанистичките планови

Константин Георгиевски денес пред медиумите изјави дека во општината се прави ревизија на начините на кои се носени урбанистичките планови.

Тој кажа дека во случајот со Лагадин тој како актуелен в.д. градоначалник, но и неговите двајца претходници биле ставени пред свршен чин хотелот да се гради таму каде се гради.

Георгиевски потенцира дека тоа што ќе го изгласа Советот како урбанистички план градоначалниците мора да го почитуваат и да постапуваат во согласност со тоа , бидејќи во спротивно граѓаните и фирмите, до одобрение за градба ќе дојдат по судски пат, а кривично ќе одговара тој што тогаш е градоначалник.

Од тие причини во моментов се прави ревизија на начините на кои се правени урбанистичките планови кои стигнувале на гласање во Советот.

Што се однесува до случајот со хотелот во Лагадин тој вели:

Се ревидира дали се воопшто донесени тие планови легално и законски за да стасаме до тие одобренија за градба кои мора да ги издаваме. Кога ќе дојде инвеститор и побара одобрение за градба на постоечки план, јас како градоначалник сум должен да постапам по тоа барање. Проблемот со објектот кај Лагадин е подлабински. Треба да се види како е донесен планот за Лагадин, бидејќи одобрението за градба е издадено врз основа на некаков ДУП. Од второстепена комисија при министерството за транспорт и врски минатата недела по шести пат пристигна известување дека жалбата на инвеститорот е усвоена. Сега предметот е повторно вратен на прв степен и повторно ќе одлучуваме. За хотелот има решение од Државниот градежен инспекторат, кој е во рамки на министерството за транспорт и врски, а второстепената комисија, која е во рамки на ова министерство, го поништила истото решение кое е донесено на основа на решенито на државниот градежен инспекторат, вели Георгиески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close