Министерот Димитров на Конференцијата Ленарт Мери во Талин

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров од денеска до 19 мај ќе учествува на годинашната Конференција Ленарт Мери која викендов се одржува во Талин, Естонија.

Ккао што соопшти МНР, на вториот ден од Конференцијата Димитров како главен говорник ќе се обрати на панел дискусијата „Дали малите ќе истраат? Балканот во струите на стратешките интереси.“

Конференцијата оваа година го носи насловот „Едно минато, многу иднини”, а ќе биде фокусирана на развојот на надворешната политика и безбедноста, како и на изборите што тие ги нудат.

За време на работната посета на Талин, министерот Димитров ќе се сретне со премиерот на Естонија, Јури Ратас и министерот за надворешни Урмас Реинсалу, покрај останатите билатерални средби што се предвидени со повеќе министри и високи претставници на маргините на Конференцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close