(ВИДЕО) Пецаков: Пред 6 месеци легализиравме бараки на Царина

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков денес изјави дека тие од сега ќе бараат да добиваат и фотографии од објектите кои ги гласаат за легалзирање на Совет бидејќи никој не знае што тие всушност гласаат за легализација.

Тој рече и дека пред околу 6 месеци изгласлае легалзиација на како што ги нарече бараки ( мотнажни објекти ) на Царина.

Ние од денешен аспект имаме легализирање на безмалку чудни објекти. Градоначалникот и неговите најблиски соработници мора да проверуваат какви точки од областа на легализацијата доаѓаат до нас како совет. Факт е дека на секоја седница се повлекуваат разно разни точки, факт е дека за некои се кажува дека има недостаток на техничка документација, дека некои не се ни објекти. Во иднина ќе бараме да ни се доставуваат и слики за да знаеме што точно легализираме, нагласи Пецаков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close