Душан и Костадинка од Оровник прославуваат 70 години брак

Црвен крст – Охрид веќе трета година ја реализира Програма на грижа за стари лица која опфаќа најразлични форми на грижа, помош и поддршка на старите лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебарца.

Програмата ја спроведуваат возрасните пензионери-волонтери на Црвен крст Охрид.

Покрај задоволување на бројни потреби искажани од корисниците на оваа програма, волонтерите на Црвен крст Охрид се посветени на корисниците, своите врсници и преку најразлични форми на заедничко дружење.
Во таа насока, со големо задоволство од Црвен крст го најавуваат одбележувањето на јубилејот 70 години брак на брачната двојка Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, кој ќе се реализира на 06.02.2019 г. во 16 ч. во Домот на култура во с. Оровник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close