Охридските теквондисти со учевство на 17 Љубљана Опен

Престојниов викенд  Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескеоц-Охрид во скратен состав ќе учествува на “17 Љубљана Опен” традиционално еден од најјаките Таеквон-до ИТФ турнири за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко. Нашиот клуб под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски црн поја V дан ќе учествува на овај престижен турнир во скратен состав додека наредниот викенд во поголем состав ќе учествува на Гран при турнирот во Зворник БиХ. Од клубот изразуваат најголема благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”кој e најзаслужен за сите нивни учествувања на најпрестижните турнири како и за нивните огромни успеси ,како што беше успехот од последното Европско првенство во Римини Италија ,каде Давид Крстески на само 11 години освои бронзен медал и со тоа се запиша како најмлад спортист од нашата држава кој освоил медал од Евроспко првенство. Истотака од клубот го најавуваат нивниот турнир на 22 јуни 2019 во СРЦ “Биљанини извори”, каде ќе имаме можност да ги гледаме нашите шампиони и да уживаме во убавините на овај спорт

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close