Бојата на чадорите за матурантите зависи од партијата на власт !

Бруката и мизеријата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ! Со години ги бојат матурантите во нивните партиски бои !

Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со нивната изгубеност и избеганост од реалните проблеми на граѓаните, со години и децении си дозволуваат една брука и мизерија, да ги тераат матуранстите кои играат на т.н. матурски танц на централниот градски плоштад да се облекуваат во боките кои ги симболизираат едната или другата партија, во зависност од тоа која е на власт.

Првите т.н. „Матурски паради“ беа во сина боја. Тогаш на власт во Охрид беше СДСМ и матурантите играа облечени во сини маици и сини чадори, исто како и бојата која СДСМ ја третира како своја – сината боја.

Сини матуранти имавме се до 2013 година, кога во Охрид на власт дојде ВМРО ДПМНЕ и одеднаш матурантите станаа црвени. Наредните години од 2013 до 2017 чадорите и маиците кои учениците ги плаќаат од џеб станаа обоени во боите на ВМРО ДПМНЕ.

Со враќањето на СДСМ на власт  парадата во 2018 година повторно се брендира во нивните бои и чадорите и маиците кои учениците ги купија повторно станаа сини.

Изборите завршија, СДСМ остана на власт, а по се изгледа дека бојата на чадорите и маиците и годинава ќе биде сина.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ни по 30 години неможат да сватат дека генерации и генерации матуранти се иселија токму заради нивните бои со кои сосила ги обојуваат, а со сила убавина не бидува, па боејќи го народот во нивни бои, полека но сигурно градот доаѓа до фаза да нема кого веќе да бојат и фарбаат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close